Човековиот најдобар пријател не само што може да отера крадци или да им помага на слабовидите, туку е способен и да предвиди и епилептичен напад, покажуваат истражувањето спроведено на Универзитетот во Белфаст од кое резултатите се објавени во списанието MDPi Animals.
Епилептичните напади се поврзани со специфични мириси кои се препознатливи за кучињата, пишуваат авторите на студијата. Многу примери има за тоа дека пците покажуваат промени во однесувањето пред таквите напади, но со ниедна научна студија досега тие тврдења не се докажани, додаваат.
Тим научници предводени од биологот од белфаскиот универзитет Нил Пауел 19 кучиња без никакво искуство со појава на епилепсија ги изложил на мирисите карактеристични за трите фази од нападот. Станува збор за мириси кои настануват во потта на пациентите пред нападот. Сите 19 кучиња, кои биле на различни возрасти, соеви и пол, покажале бихејворални промени кога ги надушкувале мирисите поврзани со нападите.
„Некои дури трчале напред-назад до другите членови на семејството за да ги предупредат дека на лицето му се заканува напад и тоа без никаков претходен тренинг“, вели Пауел додавајќи дека самата обука не е тешка и дека може да се спроведе во период од шест до осум седмици.
Зависно од расата, кучињата имаат од 10.000 до 100.000 пати помоќно сетило за мирис од човековото.
Сознанијата на тимот на Пауел би можело да послужи за развојот „потенцијално спасоносниот систем за рано предупредување“ за 65 милиони луѓе во светот коишто живеат со епилепсија, од кои 30 отсто од нападите не успеваат да ги контролираат со лековите.
„Луѓето кои имаат тешки напади и живеат во страв од едноставното одење до бањата или од одење на прошетка без придружба, би требало да стекнат право на обучено куче кое може да го најави нападот и да ги спаси од повреди или дури од ненадејна смрт“, додава Пауел.
Вели дека тимот ќе го продолжи овие истражувања.
„Тие евентуално би можело да резултираат со електронски уред кој би бил чувствителен на зголемување на специфчни биомаркери коишто им претходат на нападите“, вели Пауел.
Питер Марфи, претседател на здружението Epilepsy Ireland смета дека изнаоѓањето веродостојна методаза предвидувње на епилептичните напади е „светиот грал за многу пациенти коишто боледуваат од епилепсија“.