Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 27 за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 9 мерки за користење мобилен телефон, 4 за некористење сигурносен појас, 8 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 50 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.