Тешко повреден скопјанец – управувал електричен тротинет во Шуто Оризари паднал среде улица

На 22.09.2021 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“, Ј.Ј.(49) од Скопје, додека управувал електричен тротинет, паднал на коловозот.

Во несреќата Ј.Ј. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.