Кинескиот проиведувач на вакцини „Beijing Wantai Biological Pharmacy Enterprise“ планира во октомври да започне големо тестирање на кандидат за вакцина против Covid-19 во форма на спреј за нос, покажува записникот за ресгистрација на клиничките испитување на кинескиот регулатор.
Компанијата има намера да ангажира 40.00 возрасни испитаници за третата фаза од клиничкото истражување, според податоците објавени во кинескиот регистар за клинички испитувања во средата.
На возрасните лица во интервал од две седмици би им биле давани две дози од потенцијалната вакцина на „ Beijing Wantai“ или плацебов вакцина против коронавирусот.
Во регистарот не е објавено во колку земји компанијата ќе го спроведува испитувањето на препаратот, но пишува дека етичката комисија на Филипини го одобрило истражувањето, отстранувајќи ги пречките за потенцијално спроведување на студијата во таа земја.
Претставник на „ Beijing Wantai“ рекол дека евиденцијата за регистрацијата не значио дека компанијата формално ја започнала третата фаза од клиничкото испитување. Додал дека компанијата ги чека другите документи од властите, но не навел од кои земји, пренесува Reuters.
Вакцината во спреј, како алтернатива за вообичаената инјекција во рака, може да предизвика имуни реакции во дишните патишта имитирајќи природна инфекција со респираторен вирус. Потенцијалната вакцина користи ослабен бирус од грип за пренесување генетски информации за дел од коронавирусот.
Претходно на почетокот од септември вакцината против Covid-19 во форма на спреј за нос достапна есента 2022 година, најавика од рускиот исттражуивачки центарт „Вектор“ во Новосибирск, од каде посочија дека ќе се спроведат клинички испитувања, а потоа вакцината во спреј ќе почне да се произведува масовно.
Експериментите со вакцината во спреј се спроведуваат во многу земји, но тестовите се претежно на животни. Директорот на центарот „Гамалеја“, Александар Гинзбург, тогаш рече дека се подготвени да започнат клинички испитувања на вакцината за спреј за нос против коронавирусот. Гинзбург објасни дека спрејот ќе содржи уште една компонента на вакцината „Спутник V“, и ќе се вбризгува во носот со специјален шприц. Центарот „Гамалеја“ ја патентираше изработката на вакцината во форма на спрејови и капки во април годинава.
Кон крајот на март годинава Израел и Нов Зеланд издадоа привремено одобрување за продажба на спрејот за нос со азотен оксид (NONS) на биотехнолошката компанија „SaNOtize Research and Development“, кој би можел да придонесе во спречувањето на пренесувањето на коронавирусот.
Као што објави „SaNOtize Research and Development“, чие седиште е во Ванкувер, NONS корисниците би требало да ги заштити од вирусот кој во организмот влегува преку горните дишни патишта. Крис Милер, водечки научник во „SaNOtize“, изјави дека неговата формула за азотниот оксид за користење кај луѓето е осмислена е да ги „уништува вирусите во горните дишни патишта, спречувајќи ги да се инкубираат и прошират на белите дробови“.