Најмалку осум лица се повредени, од кои пет се деца а три се возрасни, во Земун кога автобус на јавниот градски сообраќај влетал во оградено детско игралиште, потврдија за медиумите извори од полицијата и итната медицинска служба.
Возачот на автобусот од градскиот транспорт ја загубил контролата и пробил низ оградата од детското игралиште во раните попладневни часови.
Три од повредените деца се пренесени во Детската клиника при Клиничкиот центар, едно во општата болница во Земун, а едно дополнително било доведен во болница, дознава Радио-телевизија Србија.
Медиумите известуваат дека се повредени повеќе лица, но дека ниедно не е животно загрозено.
Агенцијата Танјуг добила потврда од министерството за внатрешни работи дека возачот на автобусот е уапсен, откако веднаш по несреќата беше јавено дека е во бегство.
Градската управа на Белград соопшти дека приватаната фирма на коајшто ѝ е доверен јавниот градски транспорт на патници на линијата 45 мора „итно да се изјасни за несреќата“. Ресорните градски власти потврдија дека станува збор за автобус на приватните превозници кои го сочинуват конзорцумите „Арива“ и „Унакоп“.
Покрај државното претпријатите „ГСП Београд“, кој покрај автобуси користи и трамваи и тролејбуси, јавниот транспорт во српската престолнина го извршуваат и пет приватни конзорциуми, а доделени им се 22 градски и приградски линии.