Доктор Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја промовира својата програма пред граѓаните.
Стојкоски на граѓаните ќе им ги претстави проектите со кои, како што многупати нагласи досега, ќе ја направи Општината подобро место за живеење и функционална со што помалку проблеми.
Подобрување на хигиената во општината, изградба на најмалку две градинки и проширување на капацитетите на постојните, транспарентен и јавен процес при упис во детските градинки, вклучување на младите во креирањето на политиките, повеќе спортски игралишта и маалски живот се само дел од проектите кои досега ги спомена Стојкоски.
Промоцијата на неговата програма и проектите за Општина Ѓорче Петров, може да ја следите во видеото во продолжение.