Рускиот енергетски гигант „Газпром“ започна во петокот со испораките на природен гас во Унгарија преку гасоводот Балкански тек, кој е продолжување на гасоводот Турски тек што всушност е замената за Јужен тек чиешто градење го опструираше Европската унија за испораки на рускиот гас во југоисточна Европа, и така ја заобилокува Украина која се жали до Европската комисија поради губењето на значителни средства од транзитот на енергенсот.
Како што известија од „Газпром“ претходно, на 27-ми септември се потпишани два договора за вкупно количество од 4,5 милијарди кубни метри гас годишно, а рокот на секој договор е 15 години. Испораките на енергенсот ќе се одвива преку две рути: 3,5 милијарди кубни преку Србија и милијарда кубни метри преку Австрија.
Минатата 2020 година „Газпром“ на Унгарија ѝ испорачал 8,6 милијарди кубни метри гас, што е второто најголемо количество во последните 12 години.
Пред склучувањето на договорот Украина протестираше против потпишувањето на договорот и најави пријава пред Европската комисија поради оцена на неговата усогласеност со европското енергетско законодавство. ЕК, пак, извести дека ги проучува можните последици од новиот долгорочен договор меѓу Унгарија и „Газпром“ за испораки на гас за оваа членка на Европската унија.
Будимпешта остро реагираше дека станува збор за задирање во нејзиниот суверенитет и тоа што Украина сака да го блокира сигурното снабдување на Унгарија со гас.
Претходно генералниот директот на украинскиот гасен мрежен оператор ГТС, Сергеј Макогон изјави дека Киев стравува од значајни намалување или целосно запирање на транзитот на гас во Унгарија преку Украина, поради долгорочните договори. Украински ГТС во петокот утрото соопшти дека Украина ја загубила можноста за увоз на природен гас од Унгарија преку „вируелниот реврс“ поради престанокот на транзитот на рускиот гас преку украинската територија на унгарската страна. Компанијата потврди дека транзитот на гас кон Унгарија е прекинат во петокот во 7 часот утрото.
„Барања за транзит на гас не се примени, и покрај фактот дека капацитетот од Украина за излез во Унгарија е договорен за целата гасна година од 1-ви октомври 2021 до 30-ти септември 2022 година, во количество од 24,6 милиони кубни метри дневно“, тврдат до ГТС на Украина.
Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто претходно седмицава енергично ги отфрли критиките поради склучувањето на новиот долгорочен договор со „Газпром“.
„Во централна Европа снабдувњето со енергија е прашање на националната безбедност. За нас централноевропејците рускиот гас е главна опција, која ни дава можност да не го купуваме со снабдување од голема оддалеченост. Унгарија потпиша договор на 15 години и ги отфрла сите обиди за задирања во нејзиниот суверенитет“, истакна Сијарот на заседанието на Парламетнатното собрание на Советот на Европа.
Со врска со тоа особено истакна дека Унгарија „има суверено право да потпишува договори за снабдување со енергенси со која и да е земја под услови кои ѝ одговараат“.
„Оттаму нападите врз Унгарија поради обезбедување топлина за домовите на своите граѓани, а исто така и за осигурување на функционирањето на најзината индустрија, се неприфатливи. Унгарија, исто така, на тоа гледа и како вмешување во билатералните односит“, рече Сијарто.
Унгарскиот дипломат ја повика Европската комисија „да сфати дека Унгарија, имајќи предвид дека нема наоѓалишта на гас, е присилена да го купува“. „Транспортните патишта ги одредуваат оние кои снабдуваат со гас, а не оние кои тој гас го купуваат“, додаде Сијарто.
Односите меѓу Унгарија и Украина се влошени откако по превратот во 2014 година во Кина беа укинати правата, вклучително и за користење на јазикот како службен во западниот украински регион Закарпатие каде што живеат околу 150.000 етнички Унгарци.
Киев особено ја разгневи Будимпешта кога во 2017 година го воведе законот со кој во училиштата се забранува користењето на јазиците на малцинствата, вклучително и унгарскиот. Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, освен обвинувањата и за тортура врз унгарското малцинство, се закани и со блокирање на напорите на Киев за поблиска соработка со НАТО и Европската унија.