И покрај тоа што Министерството за здравство најави дека бугарската донација на вакцини кои беа пред крај на употреба ќе ги потроши за една недела, сепак 13.000 дози од оваа донација ќе мора да ги уништи.
Информацијата дека оваа бројка на вакцини донирани од Бугарија ќе бидат уништени како медицински отпад потврдија од Министерството за здравство за порталот СДК.
На 14 септември во Македонија стигнаа 51.480 дози вакцини, а рокот им беше до 30 септември, што значи дека за прва и втора доза се искористиле 38. 480 дози.
Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Македонија.