Алијанса и Алтернатива во гостиварско со голема поддршка за Таравари

Коалицијата Алијанса и Алтернатива денеска имаше активности во Гостивар и Тетово.

Кандидатот за градоначалник на Гостивар беше во селото Речане.

Жителите на село Речан, како што информираа од Алијанса и Алтенратива,оганизираа прекрасен пречек за градоначалникот  на општина Гостивар, Арбен Таравари.

„На митингот беше потврдена големата подршка од жителите за нов мандат во првиот круг, додека Таравари ја откри визијата за продолжување на нови проекти во оваа  населба и во општината“, информираа од Коалицијата.

Во Тетово, пак, подмалоците на партии делеја пропаганден материјал за кандидатот за градоначалник за Тотово  Вулнет Мурсели.