Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65, 24 за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 15 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 52 за непрописно паркирање.