Трпковски: Проектите за Сопиште продолжуваат, изградба на нови водоснабдителни бунари и на нови канализациони системи

Сите инструменти и алатки, интензивно ќе ги насочиме кон водоснабдувањето и третирањето на отпадните води во нашата општина. Покрај водоводот Патишка Река, предвидуваме изградба на водоснабдителни бунари во Долно Соње, Горно Соње, Чифлик, Света Петка и Нова Брезница, вели кандидатот за градоначалник на Општина Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Трпковски.

Посочува дека ќе продолжат со поголема динамика во третирањето на отпадните води со изградба на канализација за улиците 22 и 24 во Сопиште како и за населените места Ракотинци, Добри Дол, Горно Соње и Долно Соње.

„Некаде направивме повеќе, некаде за жал помалку, но секогаш дадовме се од себе. Сѐ уште имаме потреба од асфалтирање и подобрување на инфраструктурата во нашата општина. Во фокус е и нов план за подобрување на здравствената заштита на нашите граѓани како и изградба на трговски центар, спортска сала, детски забавни паркови и целосна нова технологија во уличното осветлување. Тоа се само дел од новите проекти кои ќе придонесат во подобрување на квалитетот на живот на нашите жители“, вели Трпковски.