ВИДЕО| Русија првпат упсешно ја лансираше надзвучната ракета „Циркон“

Русија во понеделникот објави дека првпат успешно истрелата од подморница хиперсонична крстосувачка ракета „Циркон“, оружје коешто претседателот Владимир Путин го опиша како дел од новата генерација на вооружениот систем кој засега нема пандан во светот.

Министерството за одбрана, коешто го тестираше истрелувањето на ракетата „Циркон“ од воен брод во јули годинава а претходно минатата 2020-та изврши две пробни лансирања кон цели на море и една на копно, објави дека од подморницата „Сверодвинск“ е истрелен пректилот дека таа пловела во Баренцовото Море и дека ја погодил зададената цел.

Снимката која министерството ја обајви прикажува проеектил истрелан од подорница, а неговиот отсјај го осветлува ноќното небо и површината на водата.

„Пробното истрелување на проектиолот Циркон од улеаран подмонциа беше успешн“, се наведува во соопштението на министерството.

„Циркон“ е првата хиперсонична крстосувачка ракета во светот, која е способна да изведе долг аеродинамичен лет со маневрирање во густите слоеви на атмосферата, користејќи сопствен погон по целата рута.

Максималната брзина достугнува околу девет пати повеќе од брзината на звукот (околу 2,65 километри во секунда на височина од 20 километри, или повеќе од 10.000 километри на час). Максималната дострел изнесува илјада километри, според објавата на руското министерство за надворешни работи.

Западните воени стручњаци вниманието го насочуваат на напредната руска нова генерација ваков вид вооружување, имајќи предвид дека комбинацијата од брзина, маневриање и надморската височкина го отежнува нивното радарско следење и пресретнување.

Според нив, се чини дека и овие снимки, како и дел од снимките коишто го прикажуваат напредниот руско ракетен противоздушен систем „земја-воздух“ од типот С-500 намерно се замаглени за да биде што потешко детално да се испитаат.

Путин во 2018 година најави серија ново хиперсонично вооружување во еден од своите највоинствени говорои последните неколку години, кога одговарајќи на сѐ поголемиот притисок врз Русија предупреди дека таквото вооружување може да погоди која и да е точка на светот и да го избегне фалениот американски противракетен штит.