Највискиот суд на Европската унија повторно го доведе во прашање интегритетот на полскиот правосуден систем со пресудата објавена во средата која се однесува на именувањето на судиите.
Европскиот суд на правдата (ECJ) донесе пресуда во случајот на полскиот судија Валдемар Зурек кој ги критикуваше реформита на владата и протестораше против неговото преместување во друг совет приорегионален суд, што го смета за свое деградирање.
„Таквото преместување без согласност е во спротивност со начелото за неотстранливост и независност на судиите“, наведуваат од ECJ во соопштението.
Полскиот судија се желел против преместување на поника позиција, но негата жалба ја отфрлил Советот за вонредна контрола и јавни работи на Врховниот суд (CECPA).
Тогапт во тој совет бил судија кој го именувал полскиот претседател, а Зурек тврдел дека тоа е спротино на правилата на Врховниот суд,
Од ECJ истакнаа дека полските судови треба да одлучат дали судијата на CECPA навостина е именуван спротвно на споменатите правила.
Последните години владејачката конзервативна партија Право и справедливост (PiS) воведе низа реформи кои ги објаснува со прочиствување на судството од остатоците од комунистичкиот режим. Меѓутоа левата опозиција и неолибералните доминирачки кругови во Брисел тврдат дека со нив се загрозува независноста на судството, што доведе до тензии во оносите меѓу Полска и ЕУ.
Во септември Европската комисија бараше ECJ да ја казни Полска поради неимпелмнирање на пресуда за укинувањео на дисциплинскиот совет на нејзиниот Врховен суд. ECJ сѐ уште не одговори на тоа барање.
Полскиот Врховен суд во четвртокот би требало да донесе одлука за та дали има предност полкиот устав или договорите на Европската унија.