Бегалците од Авганистан денес беа на шопинг во трговскиот центар, натоварени со кеси. По два часа пазарење, на излезот чекале да се собере целата група, за потоа со полициска придружба да заврши нивната прошетка, објави Телма.
Биле предводени од претставници на Црвен крст и со три градски автобуси се вратиле назад во своето сместување. Од Владата им било забрането да даваат било какви изјави за медиуми.
На скопскиот аеродром првпат слета авион со авганистански бегалци на 31 август. Донесе 149 од нив кои за првпат доаѓаат во Македонија. Тие ќе престојуваат тука три месеци.