Меркел порача дека Германија носи одговорност за Израел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Герамнија и натаму ја носи одговорноста за Израел, во текот на разговорите со израелскиот премиер Нафтали Бенет во текот на нејзината последна официјална посета на оваа земја.

„Холокаустот, секако, е единственото случување за коешто натаму продолжуваме да ја понесуваме одговорноста. Во секоја фаза од минатото, како и во иднината“, изјави Меркел во неделата за новинарите.

„Да не се биде неутрален и да се зазема јасен став во полза на израелската сигурност, без оглед колку е тешка ситуациата“, додаде Меркел.

Бенет изјави дека Меркел, која по 16 години заминува од должноста кога ќе биде подоцна постигнат договор за формирање на новата влада на Германија, претставува „морален компас за целиот европски континент“.

Ја пофали улогата на 67-годишната политичарка во зацврстување на посебниот однос меѓу двете земји врз основна на „историската длабока рана“, којашто нацистичка Германија им ја нанела на Евреите во Втората светска војна.

Меркел, исто така, се сретна со членовите на израелската влада. Владејачката коалиција на сочинуваат вкупно осум партии и од десната и од левата страна на политичкиот спектар, и првпат вклучува и арапска партија. Десничарскиот конзервативец Банјамин Нетанјаху замина од премиерската должност во јуни годинава откако беше на власт од 2008 година.

Меркел планира и засебно да разговара со израелскиот претседател Исак Херцог и со министерот за надворешни работи Јаир Лапид, првпат откако владата и претседателот ги започнаа своите мандати во јуни односно јули. Се очекува дека фокусот на овие разговори ќе биде ставен на иранската нуклеарна програма, прашањето на независна палестинска држава и билатералната соработка, па и многу други теми.

Ангела Меркел ја планираше посетата на Израел кон крајот на август, но таа беше одложена поради драматичниот развој на ситуацијата и хаотичното повлекување на западните сојузници по дведецениската инвазија во Авганистан.

Подоцна во неделата, Меркел придружувана од Бенет планира да положи венец во спомен центарот Јад Вашем во Ерусалим. На друга свеченост, Меркле ќе прими почесен докторат од изралескиот институт за технологија „Technion“ во Хаифа на северот на Израел. Дајцата челници пота заедно ќе се сретнат со преттавнции на компаниите, пред Меркел во понеделник да отпатува за Германија.