![apsenje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/apsenje.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Денеска (11.10.2021) во 14.30 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги и Единица за интервентна полиција во с.Сингелиќ го лишија од слобода Н.Р. (30) од Скопје.
За него биле распишани Централна потерница и наредба од Основен Суд Скопје во врска со чл.396 (недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи) и чл.288 (Предизвикување општа опасност) од Кривичниот законик и се бара за издржување на затворска казна од 2 години и 3 месеци. Н.Р. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.