
Ученичкиот дом од Кавадарци доби златен сертификат за квалитет на услугите што ги нуди за средношколците од повеќе градови кои се школуваат во кавадаречките училишта и во текот на неделата престојуваат во домот.
-Ова е признание што ни е особено драго бидејќи тоа е доказ за квалитетното работење на домот во кој во моментов престојуваат 52 средношколци кои се школуваат во гимназијата, но и во земјоделско-шумарското и екектро-техничкото училиште, изјави директорката Трајанка Толева.
Таа потсети дека пред четири години се извршило прво поголемо реновирање на ученичкиот дом „Крсте Петков-Мисирков”, по 45 години од неговото постоење.
Ученичкиот дом, пред три години доби зелен сертификат.