(ФОТО)Легендата од „Пинк Флојд“ се ожени по петти пат: Оваа жена ќе ја задржам

Музичанот Роџер Вотерс, легендата на групата Пинк Флојд, се пофали на социјалните мрежи дека се оженил со својата партнерка Камила Чавис.

Тие се венчале во Њујорк, на неговиот имот вреден 16,2 милиони долари.

На 78-годишниот Вотерс ова му е петти брак.

„Пресреќен сум, конечно жената што ќе ја задржам“, напишал Роџер покрај фотографиите од венчавката.

Вотерс носеше елегантен црн костум и бела кошула, додека Камила беше во бела венчаница од чипка.

Музичарот претходно откри дека ја сретнал Камила на концерт. Таа била возачот на неговиот службен автомобил.

“Мојот чувар седеше со неа напред и тие разговараа додека јас бев на задното седиште. Но, нешто во неа ме привлече. Еден ден ја прашав дали некој и рекол дека има убави јагодични коски”, изјавил Роџер претходно.

Музичарот претходно бил во брак со Лори Дурнинг, Џуди Трим, Каролин Кристи и Присила Филипс.