Постизборните политички превирања во Чешка добија ново продолжение, откако болниот чешки претседател Милош Земан, кој треба да го одреди мандатарот за состав на новата влада, го прими во посета во болницата претседателот на парламентот без дозвола на лекарите, пренесуваат во петокот медиумите.
Радек Вондрачек, претседател на Претставничкиот дом, свратил во болницата да провери каква е здравствената состојба на претседател Милош Земан без согласноста на лекарите, соопшти Централната воена болница во Прага. Полицијата, пак, објави дека телохранителите на претседателот ќе ги преземат сите мерки за да овозможат само посети со дозвола на лекарите.
Земан, кој ја има клучната улога во одредувањето на следните чекори бидејќи како претседател е задолжен за именување на личноста која ќе се обиде да ја формира следната влада. Доколку биде утврдена спреченост или неспособност на претседателот, таа задача ќе мине на претседателот на Претставничкиот дом.
Инцидентот предзвика лути реакции во земјата во која политичката ситуација е заострена по парламентарните избори минатиот викенд кои не дадоа победник и хоспитализацијата веќе следниот ден на 77-годишниот претседател за причините сѐ уште не се откриваат.
Центристичката владејачка партија ANO, на премиерот милијардерот со словачко потекло Андреј Бабиш, неочекувано со многу тесна разлика ги загуби изборите од десната и левата опозициски коалиции. Но, поединечно поради сложеноста на изборниот закон неговата партија поединечно има најмногу мандати, а Бабиш навесува дека нема намера да ја напушти политичката сцена и сѐ уште се надева на втор мандат по сложените коалицискит преговори.
Двете опозициски коалиции од спротивните краеви на политичкиот спектар вкупно освоија 108 мандати од вкупно 200-те, додека ANO е поединечно најсилната партија.
Земан е сојузник на Бабиш и ја има клучната игра во одредувањето на следните случувања, бидејќи треба да го именува мандатарот за составување на владата.
Меѓутоа, за здравствената состојба на Земан не се знае многу освен дека со брза помош е хоспитализиран само 45 минути откако во својата резиденција надвор од Прага го примил Бабиш. Политиката на неговиот кабинет да ја заштитува привтноста на претседателот ја критикуваат опозоциските пратеници кои бараат јасно да биде објавено дали тој воопшто ќе може да ја извршува должноста.
Неговата сопруга Ивана изјави во четвртокот во емотивното обраќање на телевизијата, дека неговото лекување на одделот за интензвина нега ќе потрае, но и таа не соопшти кои се причините. Додаде дека сите нагаѓања за неговата дијагноза и прогнозите се „многу неетички“.
Претседателот на парламентот Вондрачек, изјави дека претседателот бил добро расположен кога го видел и дури цитирал пасус од омелената книга.
Милош Земан е претседател од 2013 година, а беше чешки премиер од 1998 до 2002 година. Земан е првиот чешки преседател кого народот двапати директно го избираше по уставните и измените во изборниот законик.
Порано беше објавено дека Земан пати од невропатија, поради која од пролетта годинава повремено се движи во инвалидска количка и со помош. Покрај невропатијата на нозете, Земан се жали и на ослабен слух и низок крвен притисок. Претходно беше под лекарски надзор за дијабетес.