Изборниот молк ќе трае додека не се затвори и последното гласачко место, велат извори од Државната изборна комисија (ДИК). Како што објаснуваат, тие ќе објават кога ќе бидат затворени сите гласачки места.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на последната прес-конференција информираше дека избирачките места каде има ред за гласање ќе останат отворени и по 19 часот за да може и оние граѓани кои ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место да го остварат правото на глас.
Исто така, како што брифираат од ДИК, со оглед дека на десетина места имаше прекин на гласањето, од кои најдолгото 2 часа и 55 минути, ќе има продолжување на времето за гласање по 19 часот.
За метежот на гласачките места од ДИК претходно посочија неколку причини: бавната проверка во избирачкиот список затоа што тој сега има двојно повеќе страници за разлики од претходните избори; лошиот квалитет на една четвртина од отпечатоците на прсти на гласачите и ковид-протоколите