
Благодарност до гевгеличани, благодарност до сите кои го дадоа својот глас за мене како кандидат за градоначалник на општина Гевгелија и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Вие сте светлината која ќе ја разбие темнината. Благодарност до сите кои гласаа и на тие кои не гласаа, истакна Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник на општина Гевгелија.
„И се надевам на нивниот глас во вториот круг. Победивме и покажавме дека Гевгелија сака промени.
Ве повикувам и во вториот круг да излеземе масовно и да им дадеме поддршка на промените. Да избереме нова иднина, само со масовна излезност и поддршка Гевгелија ќе ја ставиме на вистинскиот пат.
Да го заокружиме процесот, излезете и изберете промени. А, потоа со многу работа да ја направиме општина Гевгелија поубаво место за живеење. Гарантирам многу работа, посветеност, отчетност и реализирани проекти“ – истакна тој.