Во вториот круг ќе важат и гласачките ливчиња без печат

На вчерашната седница на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) едногласно беше усвоен Предлог-упатството за измените и дополнувањата на упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња.

– Во врска со ова Комисијата дополнително извести и ги задолжи избирачките одбори задолжително да постапуваат според членот 109 став (2) и да ставаат печат на секое гласачко ливче, но доколку има ливчиња без ставен печат, за таквите да постапат согласно член 115, а во врска со член 110 од Изборниот законик и таквите ливчиња да бидат важечки доколку вољата на гласачот е јасно изразена – соопштуваат од ДИК.

ДИК со мнозинство гласови одлучиле во вториот изборен круг,  да важат и да се бројат и гласачките ливчиња на кои ќе нема печат од избирачкиот одбор.

На седницата се одобрија барањата за добивање овластување за набљудувачи за Локалните избори 2021 поднесени од Здружението Млади европски федералисти, Американската амбасада Скопје и ОБСЕ – ОДИХР Канцеларијата за демократски институции и човекови права на изборите.

Инаку за 31 октомври е закажан вториот круг од локалните избори во нашата земја, а ДИК во четврток ќе ги дистрибуира гласачките ливчиња и изводите од Избирачкиот список за вториот круг од Локалните избори до Општинските изборни комисии, а во петок ќе се доставам уредите за отисок од прсти.

Во втор круг, пак, ќе се гласа во следните општини и Град Скопје помеѓу кандидатите:

Арачиново: Ридван Ибраими од ДУИ и Меликије Халими од СДСМ

Битола: Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Христо Кондовски

Боговиње: Бесник Емши од ДУИ и Аљбон Џемаили од Алијанса и Алтернатива

Брвеница: Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Енвер Пајазити – независен

Василево: Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од ВМРО-ДПМНЕ

Вевчани: Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Јанкоски СДСМ

Врапчиште: Неби Реџепи од ДУИ и Исен Шабани од Алијанса и Алтернатива

Гевгелија: Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Поцков од СДСМ

Гостивар: Невзат Бејта од ДУИ и Арбен Таравари од Алијанса и Алтернатива

Дебарца: Игор Крцовски од СДСМ и Зоран Ногачевски – независен

Демир Капија: Андон Донев од ВМРО-ДПМНЕ и Лазар Петров од СДСМ

Демир Хисар: Никола Најдовски од ВМРО-ДПМНЕ и Стевче Митревски од СДСМ

Долнени: Урим Ибески од ДУИ и Аднан Џафероски од СДСМ

Желино: Фатмир Изаири од ДУИ и Блејерим Сејдини од Беса

Зелениково: Коста Маневски од ВМРО-ДПМНЕ и Борче Гиевски од СДСМ

Карпош: Стевчо Јакимовски ГРОМ и Душко Весковски од СДСМ

Кичево: Фатмир Дехари од ДУИ и Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ

Кочне: Злавко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ и Благој Илиев од СДСМ

Кочани: Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ и Николчо Илијев од СДСМ

Кратово: Тодорче Николовски од ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Бојковски од СДСМ

Куманово: Оливер Илиевски од СДСМ и Максим Димитриевски – независен

Лозово: Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ и Ацо Велковски од СДСМ

Македонска Каменица: Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ и Соња Стаменкова од СДСМ

Македонски Брод: Жарко Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ и Ацо Новески – независен

Ново Село: Ѓорге Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ

Охрид: Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и Костандин Георгиевски од СДСМ

Пехчево: Александар Китановски од ВМРО-ДПМНЕ и Славко Пандурски од СДСМ

Пробиштип: Марјан Миленковски од ВМРО-ДПМНЕ и Драган Анастанов од СДСМ

Радовиш: Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ и Коле Чаракчиев од СДСМ

Ранковце: Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ и Даниел Крстевски од СДСМ

Ресен: Јован Терзиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Живко Гошаревски од СДСМ

Росоман: Тихомир Николов од ВМРО-ДПМНЕ и Стојан Николовски од СДСМ

Старо Нагоричане: Жаклина Јовановска од СДСМ и Власте Димковиќ од ТМРО

Струга: Рамиз Мерко од ДУИ и Идри Ињтрефи од Алијанса и Алтернатива

Студеничани: Ејуп Абази од ДУИ и Азен Садики од ДПА

Теарце: Нухи Незири од ДУИ и Назим Таити од Алијанса и Алтернатива

Тетово: Теута Арифи од ДУИ и Билал Касами од Беса

Центар: Наташа Котлар-Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Герасимовски од СДСМ

Чаир: ДУИ Висар Ганиу и Беким Сали од Алијанса и Алтернатива

Чашка: Суат Шаќиров од ДУИ и Горан Стојановски од СДСМ

Чешиново-Облешево: Далибор Ангелов од ВМРО-ДПМНЕ и Горанчо Крстев од СДСМ

Чучер Сандево: Сашко Комненовиќ од СДСМ и Јован пејковски – независен

Шуто Оризари: Курто Дудуш од ДОМ/ЛДП и Ферат Асани од СДСМ

Град Скопје: Петре Шилегов од СДСМ и колицијата и Данела Арсовска, независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.