Луксембуршкиот премиер, 48-годишниот Ксавиер Бетел, објавен дека ја плагирал докторската дисертација која ја бранел пред 20 години на Универзитетот во Нанси, во средата набрзо откако онлајн медиумите ја објавија таа информација, призна дека „требало да се потапи поинаку“.
Според информацијата на порталот Reporter.lu, кој ги објави резултатите од својата истрага, „повеќе од три четвртини од трудот обранет во 1999 година, премиерот го плагирал и во својата доктроска дисертација одбранета на Унуверзитетот во Нанси интензивно користел копи/паст“.
„Пред повеќе од 20 години ја напишав својата дисертација во рамките на постдипломските студии. Трудот го оценија и признаа стручњаците на Универзитот Нанси II. Колку што се сеќавам, тогаш ова деко ги пипшував со мирна совест. Од денешен аспект,, сфаќам дека можеше…, да, можеби трбаше тоа да се стори поинаку. Со целосна доверба очекувам од стручњаците од Универизитетот во Нанси да проценат дали трудот ги исполнува критериумите на времето во кое е пишувано. Во спротивно, секако, ќе ја прифатм одлуката на Универзитетот, изјави Бетел за медиумите по објавата на написот на порталот.
Други медиуми во Луксембург го продолжија истражувањето за скандалот, тврдејќи дека 96 отсто од трудот на 56 страници под заглавието „Кон можната реформа на начинот на гласање на изборите за Европскиот парламент?“, содржат делови за коишто Ксавиер Бетел не ги наведува оригиналните документи, односно две книги, четири интернет странци и напис во печатот.
Во соседна Германија последните неколку години оставки поради обвинувања за плагијат поднесоа неколку министри, а меѓу нив и поранешната министерка за семејство Франциска Гифеи, која остаквата ја поднесе во мај 2020 година.
Во јануари годинава, исто така, оставка поденесе и австриската министерка за труд, семејство и млади Кристине Ашбахер една година преземањето на должноста, соочувајќи се со тврдења дека нејзината дипломска работа е плагијат. Во изјавата таа ги отфрли тврдењата за плагијат, нагласувајќи дека нејзините дела, со кои се здобила со академски титули, секогаш биле составувани со најдобри намери и совест и дека се потпирала на проценката на признати професори и рече дека има право на фер судење и дека надлежните институции треба да ги проверат нејзините дела.