Среќните парови објавуваат малку за својата врска на социјалните медии

Станува се нормално се повеќе да објавуваме работи за нашите врски (и живот воопшто). Ако не е онлајн, немате доказ дека тоа се случило.

Ако ја замислиме социјалната медија како модерен еквивалент на градски плоштад, место каде што се обавувале работи пред целата јавност, тогаш логично е да сте склони кон споделување делови од вашиот живот кои сметате дека се вредни за документирање. Целта е да се постираат најважните работи. Концептот е да се споделуваат делови од нашиот живот за пошироката јавност и за оние кои не се до нас да го посведочат тоа, и нема ништо лошо во сево ова.

Сепак социјалната медија додава уште еден слој, како додаток (ако не и нејзина проекција) на нашиот идентитет, поврзаност и самовреднување. Можеме да создадеме мозаик, да измериме колку сме сакани и признати од другите и ултиматно да видиме каде стоиме на социјално ниво.

Не треба да ни биде изненадување дека стануваме зависни на сите тие пиксели и кликови што ни ги нуди социјалната медија. Интересно е тоа што сета таа потреба за внимание ни е „вградена“ во самите нас.

Ако сакате да дознаете како некој сака светот да го перцепира, доволно ви е само нивниот шаблон на објави по социјалните мрежи. Ова не е ништо поневистинито (или интересно, да бидеме искрени) кога станува збор за интимните врски кои ги градиме. Додека е нормално, па дури и здраво, да бидеме горди и јавни за тоа со кого ние се гледаме, во исто време има и јасна конекција за тоа колку ние искрено сме задоволни од нашата врска и колку често тоа го објавуваме онлајн.

Еве неколку причини за тоа.

Можете да направите да се чувствувате поубаво едноставно ако се претставите поинаку пред другите луѓе

Со други зборови, не се задоволуваме од некои сегменти од нашиот живот и сметаме дека тоа треба да се надомести на социјалнта медија. Најчесто ова се врзува со тоа како останатите на перцепираат за овој наш сегмент во животот. Ако се убедиме себе си дека другите околу нас не гледаат среќни во врската, ние се чувствуваме подобро, па така потсвесно ја менуваме точката на гледиште.

Кога сме посреќни со животот (или со една врска), природно е да сме позаинтересирани со него

Најчсто помалку ни текнува да се сликаме некаде или да се „чекираме“ на социјалните медии. Не дека никогаш не го правиме тоа, но животот не прави среќни и немаме потреба да бидеме одвлечени од ова.

Секој пар кој ги држи настрана од интернет своите интимни недоразбирања секогаш е постабилен и посигурен.

На другата страна на паричката со преку умереното објавување работи за нас на интерет е изложување во јавноста работите со кои не сме толку среќни. Без разлика на контекстот, проблемите никогаш не биле вистински надминати кога некој ќе објави невкусни работи во јавност преку Фејсбук.

Врската задоволува, па затоа не секогаш треба да се чека на зелено светло од друго место

Со други зборови, не е многу примамливо константото објавување за статусот на вашата врска. Убавината е во делење на животот, не во негово објавување.

Немаат што да докажат

Најчесто не го користат партнерот за да се докажат пред светот дека се среќи, посакувани и вреднувани. Тие се заедно бидејќи сакаат да се заедно, а не дека некои од нивните проблеми им налагаат да се заедно.

Истражувањата велат дека луѓето кои користат често социјална медија се генерално несреќни

Луѓе кои можат да потрошат цела седмица без Фејсбук се покажало дека значително се посреќни и позадоволни со себе. Депресијата е врзана со преголемо користење на социјалните мрежи, заради теоријата на социјална компарација. Тешко користење на социјалните мрежи е често врзано со недостаток на ментално здравје. Поентата е дека природата на животното во нас не е во најдобра кондиција, ментална или емотивна, па се решаваме да се отвориме пред светот.