ВИДЕО| Јавна обдукција во САД за 500 долари по лице предизвика полемики

Јавната обдукција 98-годишен воен ветеран, одржан во хотелот во Портланд, во американската сојузна држава Орегон, предизвика голема полемика но организаторите тврдат дека е одржана единствено во „образовни“ цели.

Околу 70 посетители платиле до 500 долари за да присуствуваат на сецирањето на трупот на речиси стогодишникот кој починал откако се заразил со Covid-19.

Јавната обдукција на телото на Дејвид Сандерс, без знаење на неговото семејство, била одржана во октомври во хотелот „Marriot“, а ја извел пензионираниот лекар Колин Хендерсон. Семејството за јавната обдукција над покојникот дознала на вестите на локалниот телевизиски канал King 5.

Во текот на повеќечасовната обдукција, др Хендерсон ги извадил органите на покојникот, вклучително и неговиот мозок и им ги објаснувал на гледачите разните фази од постапката кој ја применувал во текот на целата своја кариера. На телевизиските снимки можеле да се видат посетителите кои навлекуваат хируршки ракавици пред нешто да работат на трупот.

Една од учесниците на овој „мрачен спектакл“, како што го оценија медиумите, изјавила дека сѐ е сторено со почитување кон личноста којашто го понудила своето тело во „педагошки“ цели.

Според телевизискиот канал, семејството не знаело дека телото на покојникот донирано за науката ќе послужи за платена егзибиционистичка приредба.

Настанот го организирала групата „Death Science“ во рамките на изложбата за „настраностите и занимливостите“, а во програмата на посетителите им било ветено дека ќе имаат пристап до трупот „пред паузаа, по паузата и во текот на паузата“.

Телото на здружението наводно ѝ го остапила компанијата „Med Ed Labs“ чиешто седиште во Лас Вегас.