
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес – конференција изјави дека градоначалиците треба да ги засукаат ракавите и да ги решаваат проблемите на граѓаните.
Тој вели дека дел од општините се презадолжени и има злоупотреба на ресурсите, има луѓе кои земале плата, а не оделе на работа.
„Потребен е максимален ангажман за да се реализира ветеното“, рече Мицкоски.
Вели дека ќе побара од градоначалниците да почнат со најмалку три капитални проекти од инфраструктурата во наредните 30 дена.
„Се што ветивме треба да се исполни, да се засукаат ракавите што побрзо за да се започне со решавање на проблемите на граѓаните од сите населени места, општини каде што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија има градоначалник, а таму каде што сме коалиција да работиме со градоначалниците од коалицијата. Без оглед на тоа што огромен број на општините се презадолжени, повторувам презадолжени во голем дел од нив првичните информации велат и сведочат за злоупотреби на ресурсите, луѓе кои што земале плата, а не оделе на работа, потребен е максимален ангажман од секој еден градоначалник за да се реализира ветеното, а сето ова кое што претходно го кажав не смее да биде изговор за неуспех. Промените кои ќе ја донесат новата иднина треба да започнат и со промени во однесувањето на луѓето кои се одговорни за општините. И тоа ќе побарам веднаш да се случи. Како прво, имајќи во предвид дека во програмите „Гарантирам” имаме предвидено сериозни капитални проекти, ќе побарам на состанокот после оваа прес конференција од градоначалниците во наредните триесет дена да започнат со активности за реализација на најмалку три капитални проекти од инфраструктурен карактер со кој ќе решат значајни проблеми на граѓаните од тие општини, рече тој.
Упати совет до нив да покажат скромност во делувањето, да се откажат од привилегиите кои во минатото од нивните претходници во претходниот мандат се злоупотребуваа, а кој самата функција како можност ги носи.
„Потребно е да покажеме пред граѓаните дека тоа што го зборувавме, тоа и го мислиме, тоа и го работиме. Веднаш а тоа, апелирам да го направат и оние градоначалници кои што не се од редовите на коалицијата Обнова на Македонија и на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш да се откажат од употреба или злоупотреба на службените возила надвор од службените потреби на општината, како и да нема злоупотреби на средствата на општината за ненаменски трошења како што се ручеци кои што со својата сметка одговараат на нешто друго а на пристојно однесување. Како трета работа, побарав да се излезе на терен и да бидат во постојана комуникација со граѓаните и заеднички да учествуваат во решавањето на нивните проблеми. Нашето место како тоа и впрочем го зборувавме во кампањата, не е во удобните фотелји, туку меѓу народот на кому му треба помош бидејќи народот лошо живее. Секое едно ветување кое го дадовме не го забораваме и тоа за мене е огромна одговорност. Довербата нема да биде прокоцкана, ниту еден од овие луѓе кои што се позади мене. Доаѓаат нови времиња. Затоа не смееме, сите ние, сите вие да ги изневерите граѓаните“, посочи Мицкоски.
Побарав да излезат меѓу граѓаните и заеднички да ги решаваат нивните проблеми. Нашето место не е во удобните фотелји, туку меѓу народот, кажа Мицкоски.