Информираме дека во Собранието на Република Македонија е доставено Барање за гласање за доверба на Владата на Република Македонија и истата е архивирана од надлежните служби, информираат во понеделникот од Кабинетот на претседателот на Собранието во врска со Барањето за гласање за недоверба на Владата.
„Претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток (11.11.2021), во 11.00 часот, Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата“, се наведува во информацијата.
За сите чекори и процедури, како и досега, претставниците на медиумите ќе бидат информирани преку надлежните служби во Собранието.