„Заевизам во два чекори“, напиша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на Фејсбук по синоќешните случувања на Централниот одбор на СДСМ во врска со оставките на Зоран Заев.
„Уверете се сами, еве две видеа, снимени во период од веројатно еден час, двајцата излегуваат од исто место, од иста сала, од ист состанок; прво оној Костадинов (ги има бре таму) вели донеле ОДЛУКА, Заев вика НЕ СЕ ОДЛУЧУВАЛО по оставките!?
Видео 1. Костадинов од ЦО: „едногласно ОДЛУЧИ… одложување НА ОСТАВКАТА”
Видео 2. ЗАЕВ: „Ниту се дискутираат, НИТУ СЕ ОДЛУЧУВА ПО МОИТЕ ОСТАВКИ”, истакнува Стоилковски и прашува:
Па за што дискутиравте и одлучувавте, бре Зоране, за оставката на Филипче можеби?
Немам време и видео од аплаузот да ставам, иако ваков заевизам го заслужува тоа, нели?
*Видео: Канал5 и Клан“.