На следните два големи настани, Светското првенство за жени во Шпанија, како и Европското првенство во машка конкуренција кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка, ќе има строги ковид мерки од страна на домаќините.
Претседателот на ракометната Бундеслига, Уве Швенкер во интервју за германската телевзија NDR истакна дека според информациите на ИХФ и ЕХФ, на двата големи настана ќе можат да играат само вакцинирани играчи.
Светското првенство кај дамите започнува на 1-ви декември, додека од 13-ти до 30-ти јануари следната година, Унгарија и Словачка ќе бидат домаќини на Европското машко сениорско првенство, каде што ќе игра и Македонија.