
Се наоѓаме во хидро акумулацијата Тиквеш, и од сликите позади мене можеме да видиме дека практично и вода да нема во ова езеро. Моменталната состојба е само на еден метар од минималната кота на Тиквешкото езеро и со овој капацитет на вода што го има во моментов хидро акумулацијата речиси и да не е возможно да се произведува електрична енергија за наредниов период,истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Трипуновски додаде дека испразнетото езеро е критично по два основи. Прво не може да се смета за производство на електрична енергија во наредниот период. И второ под знак прашање е производната земјоделска сезона за земјоделците од овој регион.
-Власта целосно ги пресуши хидро акумулациите ширум Република Македонија кои имаат и енергетска и земјоделска вредност за нашата држава. Со оваа власт езерата се во опасност од пресушување. И последиците од тоа ќе траат наредните години, рече Трипуновски.
Трипуновски посочи дека време е да си замине оваа власт и да се преземат под итно неопходни мерки за зачувување на хидро акумулациите во државата. Бидејќи се од суштинско значење и за земјоделството и енергијата во Македонија.