ВИДЕО: Однесени компјутерите за „копање“ криптовалути во ГТЦ

МВР вчера експресно го реши случајот кој долг период беше јавна тајна, и пушти кратко соопштение дека во подрумските магацини на ГТЦ не се крадело струја за „копање“ криптовалути.

Полицијата откако замина без да влезе подрумските простории на Градскиот трговски центар, каде што имаше најавено дека се поставени т.н. ригови за „копање“ на криптовалути, влегоа новинари кои најдоа мајнери кои биле поставени за копање преку нелегален приклучок на струја.

Медиумите кои беа на местото на настанот, забележаа и сомнително комбе кои според очевидци, стои паркирано пред магацинот една година, со цел доколку дојде до некоја непредвидлива ситуација, компјутерите веднаш да се дислоцираат на друго место.

Токму во ова комбе, доцна синоќа околу 23.30 часот, се товарени компјутерите од магацинот и однесени во непознат правец.