
Без вода денеска од 11 часот ќе бидат корисниците од улиците „Чаирска“, „Отокар Кершовани“ и комплексот на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје.
Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причината за прекинот е дефект на затворач ф-100 мм на булеварот „Гоце Делчев“ 9 – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.