Македонски државјани се сопственици на транспортната компанија чиј автобус изгоре на автопатот Струма, дознава бугарска НОВА.
Од таму велат дека претставникот на компанијата, кој е на лице место, истакна дека ќе обезбеди список на патници од четирите автобуси кои патувале во конвој, а изгорениот автобус бил последен во редот.
По враќањето на другите три автобуси во Скопје, со ДНК анализа на телата ќе се бараат и идентитетите на загинатите. Транспортната компанија ќе даде информации и за техничката состојба на возилата и кога последен пат биле прегледани.
Истовремено ќе се проверува состојбата на површината на коловозот, свиоците и дали има поплаки за сообраќајни несреќи на истото место.
Според првичните информации возачот на автобусот загинал. Се проверува дали меѓу преживеаните е и вториот кој според законот мора да патува на ваков вид екскурзии. Се работи на верзија за ненадеен технички дефект или заспивање на возачот. Нема видливи траги од местото на несреќата.