Во сабоатата во Скопје почина македонскиот новинар Тодор Пендаров, кој последните години дејствуваше како баран политички аналитичар, и редовно се појавуваше во јавноста на телевизисји дебати.
Причината е Ковид 19, иако првично ја прележал, но подоцна имал последици заедно со претходни здравствени проблеми на белите дробови, објави Либертас.
Во својата кариера беше дописник за Радио Скопје од Љубљана на што беше особено горд во своите тв настапи и споделуваше искуства од напредната и организирана Словенија.
Долги години беше советник за односи со јавност во собранието, како дел од кабинетот на собраниските спикери Љубиша Георгиевски, Трајко Вељановски и Талат Џафери. .