Невообичаено политички декларираниот како либерално-конзервативен политичар, Петр Фиала во неделата беше именуван за нов премиер на Чешката Република.
Петр Фуала должноста ја презема во претседателската резиденција – дворецот Лани во Кладно крај Прага во присутност на претседателот Милош Земан, кој седеше зад проѕирна преграда по неодаменешниот позитивен тест на коронаирусот.
Владата на заминување на милијардерот Андреј Бабиш привремено ќе продолжи со работата до именувањето на целиот министерски кабинет на Петр Фиала. Примопредавањето на власта не се очекува пред средината на декември.
Бабиш беше под притисок по изнесувањето обвинувања за јавноста за наводна злоупотреба на сувенции од ЕУ и други наводи по објавувањето на веќе заборавените ткн Пандора документи.
Фиала ја води коалицијата на Граѓанската демократска партија (ODS), Христијанската партија и сојузот Пиратската партија/Унија на градоначалниците, освоија вкупно 108 од 200 места во долниот Претставнички дом на чешкиот парламент на изборите на 8-ми и 9-ти октомври. Партијата ANO на Бабиш поединечно освои најмногу мандати, но нејзините коалициски партнери не влегоа во парлаемнтот.
„Се соочуваме со тешки времиња“, изјави Фиала при потпишувањето на коалицискиот договор пред речиси три седмици.
Чешка ја погоди тешкиот четвртиот бран на епидемијата на коронавирусот, во кој седумдневната стапка на инциденца е 1.191 на 100.000 жители. Новата коалиција се изјасни против задолжителното вакцинирање, но го повика населението самоиницијативно да ги намали меѓусебните контакти.
Фиал беше министер за образование во перидоот од 2012 до јуни 2013 година. Професор по политички науки и татко на три деца, претходно беше ректор на познатиот Масариков универзитет во Брно, а на чело на ODS беше речиси осум години.