ТЕЦ „Осломеј“ е пуштена во пробна работа, а се планира да работи од април

Термоелектраната „Осломеј“ денеска е пуштена во пробна работа, а е планирано да работи до април следната година. Вклучувањето на термолектраната, информираат од ЕСМ, се врши претпазливо со оглед дека таа подолг период не работеше.

– Со оглед на тоа што термоелктраната е вклучена по одредена подолга пауза и по извршен ремонт од еден месец, се работи внимателно и се проверуваат сите делови на постројката – велат од ЕСМ.

Термоелктраната „Осломеј“ по подолг период неработење, се вклучува по набавката на јаглен и како дополнување на домашното производство на електрична енергија поради кризата предизвикана од високите цени на овој енергенс на берзите. Планирано е да работи до април следната година.

Досега за овој производен капацитет се набавени 130.000 тони јаглен, а до крајот на следната година предвидено е да се транспортираат уште 170.000 тони.

ТЕЦ „Осломеј“ има капацитет од 110 мегавати и последните години не работеше поради недостиг на јаглен. Со „зелената агенца“ Владата планираше овој капацитет воопшто да не работи, а на територијата на рудникот да се произведува електрична енергија од сончева енергија.