
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за Европа, Ханс Клуге, изјави во понеделникот дека на научниците ќе им бидат потребни уште околу две седмици за да дознаат повеќе за омикрон варијантата на коронавирусот.
„Оваа варијанта многу брзо се истражува и ќе ни бидат потребни уште две до три седмици да дознаеме повеќе. Но зошто СЗО е загрижена…, затоа што (омикрон) има многу повеќе мутации отколку која и да е друга претходна варијанта, што значи дека постои можноста брзо да се шири и дека постои поголема опасност од повторна инфекција“, порача Клуге за јавната црногорската јавна телевизија.
Од друга стана, потсетува на бета варијантата на коронавирусот, којашто исто така беше идентификувана во Африка, а имаше способност да го избегне имуносниот одговор на вакцините. Но на крајот, сепак, не стана доминанта варијанта во светот како што тоа беше делта варијантата.
На прашањето зошто во Европа, и покрај големиот број вакцинирани. стапката на пренесување на коронавирусот и натаму е висока, Клуге одговори дека векцините не го прекинуваат ширењето на вирусот, туку го штитат поединецот од сериозни форми на заболувањето и од смртен исход. Со самото тоа, додаде, вакцините го спречуваат колапсот на болничките системи.
Клуге истакна дека е потребно да се спроведе она што тој го нарече „вакцина плус пристапот“, кој предводува вакцинирање и истовремено примена на мерките од сферата на јавното здравје и превентивните епидемиолошки мерки.
На прашањето дали ќе бидат потребно вакцинирање на секои шест месеци, Клуге истакнува дека сега е неопходно да се види што ќе се случи по „бустер“ дозата.
„Знаеме дека имунитот кој го пружа вакцината опаѓа, особено од триесеттата седмица по вакцинирањето, затоа е предложен бустерот. Сега треба да се види што ќе се склучи по бустирањето“, појасни Клуге.
Истакна и дека едно од можните сценарија е болеста од пандимиската ситуација да мине во ендемска.
„Доколку овој вирус стане сезонска појава како, на пример, така луѓето еднаш годишно би се вакцинирале. Тоа би била релативно поволна ситуација“, заклули Клуге.