Поранешната германска канцеларка Ангела меркел ја посети својата нова канцеларија на улицата „Унтер ден Линден“ во центарот на Берлин и пазарела во блискиот супермеркет на првиот ден од пензионирањето, пишува во четвртокот таблоидот Bild.
Според весникот, Меркел која на канцеларската должност мина 16 години, од својот стан во Берлин излегла во 8,20 часот и со автомобил заминала до новата канцеларија, а по патот морала да чека во сообраќајниот метеж. Оттаму, Меркел заминала во нејзиниот омилен супермаркет „Хит Улрих“, каде што пазарела пред божикните празници. Била придружувана од личниот телохранител, но самата пред себе ја туркала количката со намирниците. По ручекот заминала дома.
Како шефица на владата, инаку, Меркел до доцна вечерите минувала во канцелеаријата на федералниот канцелар. Според Bild, во средата откако се повлече, Меркел веднаш ја посетила својата нова канцеларија и таму останала до 20,30 часот.
Подоцна во медиумите беше објавено дека Меркел имала телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, но не беа наедени поединости.
Претходно 67-годишната Меркел повеќепати изјавуваше дека има намера првиот ден по напуштањето на функцијата добро да се наспие.