
На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо, информира министерот за економија Крешник Бектеши, на својот официјален фејсбук профил.
„Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи ориз, јајца и тестенини и има за цел да да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението. Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година“, напиша Бектеши.
Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.