Над 500 апсења во Европа за препродажба на фалсификувани лекови

Европските полициски сили уапсиле 544 лица и забполениле поголемо количество илегални средства за допинг и фалсификувани лекови,, меѓу кои и наводни лекови за Covid-19, соопшти во вторникот Европол.

Во операцијата којашто од април до октомври се спроведувала ширум континентот, заплените се фалсификувани лекови и производи за допингување чијашто вкупна вредност се проценува на 63 милиони евра, се наведуваа во објавата на европската полициска агенција.

„Со операцијата се опфатени 33 криминални групи коишто криумчареле средства за допинг, како што се хормоснки и метаболички регулатори, како и различни лекови“, наведува Европол чиешто седиште во Хаг.

Криминалните групации криумчареле лекови за рак, аналгетици, анксиолитици и лек против еректилна дисфункција. Покрај тоа, од почетокот на пандемијата на коронавирусот светските агенции вложуваат големи напори во фалсификувањето на лековите за коишто има најголема побарувачка, забележуваат од Европол.

„За да ја зголемат заработката, криминалните мрежи се насочиле на препродажбата на фалсификуваните ‘лекови за короната’, медицинска опрема и дизифициенски, коишто потоа ги препродаваат преку интернет. Благодарејќи на заедничките напори на полициските служби запрена е препродажбата на фалсификуваните фармацевтски производи поврзани со Covid-19“, истакнала Катерин Де Бол, челничката на Европол.

Според споменатото соопштение, заплените се „три милиона пакети медицинска опрема против Covid-19“, на пример маски за лице и дизифинциенси и биле затворени се пет нелегални лаборатории.