Ученици од повеќе европски земји во посета на ракометарите на Вардар 1961

Ученици од Португалија, Хрватска, Грција, Франција и Турција ги посетија ракометарите на актуелниот македонски ракометен шампион и двократен европски првак Вардар 1961, како дел од Еразмус плус проектот „Запознавање со спорт, активности во природа и традиции“.

Учениците од петте европски земји, заедно со своите домаќини од ОСУ „Мирко Милески“ од Кичево, имаа можност да присуствуваат на дел од тренингот на ракометарите на Вардар, и да ја разгледаат салата и нејзината инфраструктура, како и условите за тренинг.

„Како дел од Еразмус плус проектот, Вардар беше домаќин на учениците и секако бевме почестени што можевме да го промовираме македонскиот ракомет во европски рамки“, се наведува во клупското соопштение.

Учениците имаа можност да се фотографираат и да поразговараат со играчите.