Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во парламентот во средата дека неговата влада ќе ги олесни условите за доаѓањата на странските работници во Германија и нивната интеграција во општеството, како и дека ќе се бори против насилниот екстремизам кој е наголемата закана за демократијата во земјата.
„Ние сем земја на имиграцијата… но мораме да работиме за да станеме земја за интеграцијата“, изјави Шолц во првиот голем говор во Бундстагот откако ја презема канцеларската должност минатата седмица.
Новата германска влада составена од социјалдемократите, зелените и либералите, планира да го олесни добивањето германско државјанство, како и повеќекратното државјанство.
Шолц, исто така, вети борба против екстремизмот, против дезинформациите и „апсурдните теории“.
„Денес во Германија постои негирање на реалноста, постојат апсурдни теории на заговор, намерни дезинформации и насилен екстремизам. Да бидеме јасни: екстремистичкото малцинство во нашата земја се одметна од нашето општество, од нашата демократија, од нашата заедница и нашата држава, а не само од науката и разумот“, критикуваше социјалдемократот Шолц.
Порача и дека „успешната Европска унија“ е првиот национален приоритет, и предупреди дека не смее да се дозволи споровите меѓу земјите членки да се заканат на овој „политички и монетарен проект“.
Шолц се осврна и на ситуцијата со Русија и Украина, истакнувајќи дека „секое руско кршење на украинскиот територијаелн интегритет ќе има висока цена“.
„Ја набљудуваме со голема загриженост состојбата на руско-украинската гранциа. Секое кршење на теротиријалниот интегритет ќе има висока цена и ќе зборуваме со еден глас овде, со напите европски партнери и трансатлантските сојузници“, рече Шпоцл додавајќи и дека сака дијалог со Русија.