За 24 часа, погинале 18 украински војници

Во жестоките судири меѓу украинските и проруските сили, 18 украински војници погинале во последните 24 часа, а 54 се ранети, соопшти портпарол на војската Андриј Лисченко.

Украинските сили синоќа за прв пат ги бомбардираа упориштата на проруските сили во Доњецк во Источна Украина,но во нападот немало жртви.

Ситуацијата во Луганск и понатаму е критична. Жителите немаат струја, ниту пак им работата мобилните и фиксните телефони.