Поради коронавирусот очекуваниот животен век во 2020-та во САД скусен за 1,8 години

Очекуваниот животен век во САД во 2020 година е намален за 1,8 години, покажуваат конечните официјални резултати објавени во средата, а станува збор за најголемиот пад на бројот на жителите со над 75 годин и во поголем дел е предизвикан од последиците на пандемијата на Covid-19.

Очекуваниот животен век во моментот на раѓањето минатата година во САД изнесувал 77 години за вкупната популација, што е помалку отколку во претходната 2019 година кога изнесувал 78,8 години, според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC).

Забалежителна е разликата и за родовоите, за машката популација оваа бројка изнесувала 74,2 година а за жените 79,9 години.

Севкупно земено Covid-19 бил третата водечка причина за смртност во САД, а тоа е 350.000 смртни случиа или малку повеќе од десетинтата до стите регистрирани смртни случи во земјата, се наведува во извештајот на CDC, кој сега ги финализирал прелиминарните податоци од јули годинава.

Се зголемил и бројот на смртните случуа од други причини, веројатно поврзани со тешкотиите во пристапот до здравствена гржа предизвокани од пандемиските мерки.

Првпат бројот на смртните случаи од последици на дијабетес надминал 100.000, додека бројот смртни случаи од случајни/ненамерни повреди надминал 200.000 и во овој случај е првпат откако се води евиденцијата.

Податоците се објавени откако американското Биро за попис на населението објави соопштение во кое се наведува дека пандрмијата на коронавирусот влијаела врз најниската стапка на раста на населението во историјата на земјата, делумно поради бројот смртни случаи од последиците на Covid-19 и поради помалкиот број доселеници.

Најниска стапка на зголемување на бројот на жителите од основање на нацијата

Во едена година, а се смета период до 1-ви јули, населението на САД се зголемило за 392.665 жители или за само 0,1 отсто, што е „најниската стапка од основањето на нацијата“, се истакнува во соопштението на споменатата агенција.

„Растот на бројот на населението во САД со години е забавен поради пониската стапка на наталитетот и поради намалениот број на имигранти, а истовремено стапката на смртноста расте поради постарото население“, изјави Кристи Вилдер, демограф од Одделот за население при Бирото за попис на населението.

Истакнува дека „имајќи го предвид влијанието на пандемијата на Covid-19, оваа комбинација рзултирала со историски бавно темпо на бројот на жителите во Соединетите држави“.

„Дури и кога ќе го земеме предвид падот на бројот на доселенците во последните 12 месеци, вкупната нето меѓународна миграција од 244.622 лица во 2020 година првпат го надминала природниот прираст на родените во САД во однос на починатите – 148.043“, стои во објавата на агенцијата.

Поради доцнењето во евидентирањето на намалениот број на ина во пандемијата, во последниот извештајот на Бирото за попис на населението комбинирани се податоците кои се однесуваат на годишната процена на бројот на населението од 2020 година со другите извори, а тоа се податоците за родените, починатите и доселениците.

Меѓу 2020 и 2021 година 33 сојузни држави евидентирале раст на бројот на жителите, а во 17 држави и во Дистриктот Колумбија растот бил помал. Според податоците на агенцијата, во 11 од споменатите 17 сојузни држави забележано е и повеќе од 10.000 помалку жители во однос на претходните години, што се смета за „историски голем“ број сојузни држави со помал прираст на бројот на жителите.

Засебно спроведената анализа покажала дека Тексас имал најголем пораста на населението од 1,1 отсто, главно поради внатрешните мигации и доселувањето во државата, како и растот на нето стапката на наталитетот. Најголем пад, пак, е евидентиран во државата Њујорк, во која бројот на населениети за само една година паднал за 1,6 отсто, најмноги поради внатрешните мигации, односно отселувањето од дрќавата, објави агенцијата.