Повеќе од 10.000 руски војници се враќаат во своите постојани бази по едномесечните вежби во близина на пограничните области со Украина, соопшти во саботата руската армија.
Според објавата на локациите, вежбните се одвивале во неколку региони коишто граничат со Украина, меѓу кој и Крим чиешто население преку референдум во март 2014-та по превратот во Киев одлучи да си ја врати укинатата автономија и да ѝ се приклучи на Руската Федерација. Вежбите се одвивале и во јужните руски региони Ростов и Кубан.
Распоредувањето на десетици илјади руски војници во близина на границите со Украина, предизвика страв во Киев и на Западот од наводен руски напад. Москва појасни дека станува збор за легитимни безбедносни активности кои се одговор на зголеменото присуство на украинската војска во пограничниот проруски регион Донбас, како и на зголеменото присуство на војски и стратешка воена опрема на земји членки на НАТО во Украина.
Процената на бројот на руските војници кои последните месеци биле распоредени поблиску до Украина, верираат од 60.000 до 90.000. Извештај кој уште минатиот месец го објавија американските разузнавачки служби сугерира дека бројката би можела да се зголеми на 175.000 војници и оти наводно е планирана инвазија во првата седмица од јануари.
„Фазата на борбено усогласување на дивизиите, борбените екипажи, одредите во моторизираните единици… е завршена. Повеќе од 10.000 припадници на војската… ќе заминат од подрачјата каде што се одржуваа комбинирани вежби во своите постојани бази“, објави руската војска.