
Десетици илјади луѓе на божикното утро според грегоријанскиот календар биле пријатно изненадеби од неочекуваниот добротвор, банката „Santander“ која по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 приватни сметки.
Деновиве персоналот на банката брза да ги врати парите, а таа задача им е отежната бидејќи голем дел бил уплатен на сметки во други банки, пренесува во четвртокот BBC.
Грешката се случила кога уплатите од 2.000 деловни сметки биле двапати спроведени.
Банката истакнува дека веќе започнале разговори со другите банки – „Barclays“, „HSBC“, „NatWest“, „Co-operative Bank“ и „Virgin Money“. Од „Santander“ велат дека овие банки „ќе гледаат да ги вратат парите од сметките на нивните корисници“.
Меѓутоа, не е јасно како банките ќе постапат доколку нивните корисници веќе ги потрошиле парите, бидејќи повратот би можел да предизвика пречекорања на лимитите на сметките.
Од „Santander“ навестиле дека можеби директно ќе ги контактираат луѓето за да ги повратат парите, пишува BBC.