Во Шпанија првпат дневна инциденца над 1.000

И покрај стапката на вакцинираност од речиси 80 отсто, Шпанија ќе ја заврши 2021 година со една од највисоките дневни инциденци на новозаразени со коронавирусот во Европа.

Бројот на новозаразените на 100.000 жители во последните 24 часа се зголемил на 1.086, објави министерството за здравство во Мадрид доцна ноќта во четвртокот, и ова е првпат овој показател да надминува илјада. Кон средината на октомври Шпанија имаше годишна седумдненва инциденца од околу 18.

Властите тврдат дека ситуацијата во болничкиот систем е главно под контрола, благодарејќи на високата стапка на вакцинираност бидејќи вакцините во поголемиот број случаи заразата ја прават без симптоми или со блага форма на болеста.

Според рецентните податоци, 8,8 отсто од сите билнички кревети и 19 отсто од креветите на одделите за интензивна нега ги заземале пациентите со Covid-19. И овие податоци растат, но бавно, истакнуваат од министерството за здравство.

Поради зголмувањето на бројот на заразените Шпанија оваа седмица го скуси траењето на изолацијата по инфекција без симптоми и дури со благи симптоми од десет на седум денови. Тоа се однесува и на сомнителниет случиа кај лица коишто не се вакцинирани. Скусувањето на времетрањето на изолацијата го бараа регионалните влади и претприемачите за да се избегнат нарушувања во производствените и други сектори.

Носењето маски на отворено е задолжително во целата земја. Во девет од 17-те покраини потребни се ковид-потврди или движењето е ограничено или, пак, е воведен ноќен полициски час, додека во некои како што е регионот на главниот град Мадрид рестрикци речиси и да нема. Така, во шпанската престолнина планирано е собирање на околу 7.000 лица на Плоштадот Пуерто дел Сол за дочекот на Новата година.