Кога би ги прашале холивуските дами кој пар чевли им се најдраги, веруваме дека поголем дел од нив ќе одговорат дека тоа се оние кои го носат потписот на Кристијан Лобутин.
Дизајнерот кој ги обои улиците во светските метрополи со црвената потпетица, која стана негов заштитен знак, веќе оддамна ги „чита“ желбите на сите жени во светот кои трагаат по совршени чевли во кои ќе изгледаат, но и ќе се чувствуваат како девојки од милион долари.
Да не се лажеме, со добро дизајнирана чевла, и најобичните фармерки и бела маичка изгледаат како совршено средство за заведување и отмена комбинација во која секоја жена може да се издвои од масата.
Творецот на идеални женски чевли реши да ги издвои своите седум фаворити за годишената есенска колекција.
Погледнете