Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека Зоран Заев имал лоши резултати како премиер, а највисоки 64 отсто сметаат дека Владата предводена од неговата партија СДС не се бори против корупцијата, според истражувањето на јавното мнение на агенцијата ИПСОС објавени во понеделникот.
Анкетата направена за потребите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, е спроведена теренски во перидоот од 6-ти до 20-ти декември 2021 година врз 1.023 испитаници на територијата на цела држава, запазувајќи ги демографските карактеристики.
На прашањето „Како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев како премиер на државата“, според резултатите што го објави партијата, 53 проценти од испитаниците одговориле дека резултатот од работата е лош, а 29 проценти дека е добар.
На прашањето „Како ја оценувате досегашната борба на Владата против корупцијата“, 64% одговориле дека е незадоволителна, а 29% дека е задоволителна.
Третото прашање гласи „Дали сте задоволни од пакетот мерки во економијата кој го донесе Владата за справување со ковид-кризата“. Според резултатите, 55 насто од испитаниците се незадоволни, а 37 насто се задоволни.
Ви бнеделата ВМРО-ДПМНЕ го објави првиот дел од анкетата според кој на прашањето „Доколку би имало утре предвремени парламентарни избори, и на тие избори би се кандидирале партии, а не коалиции, за која политичка партија би гласале“, најголем број граѓани одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ – 21 отсто. За СДСМ одговориле дека ќе гласаат 12,5 отсто од испитаниците. Трета е ДУИ со 7,2 отсто, потоа Левица со 4,3 отсто и Алијанса за Албанците со 3,3 отсто.