
Новиот партиски челник на социјалдемократите и мандатар за идната влада, Димитар Ковачевски, незаконски именувал декан на факултет во партиските тела на СДСМ со што директно го прекршил законот за високо образование, изјави во понеделникот на прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски, уште недојден на позицијата премиер, во стилот на неговиот наредбодавател (поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран) Заев почна со кршење на законите“, истакна на почетокот претставникот на опозициската партија.
Станува збор, како што прецизираше Стоилковски, за именувањето во Извршниот одбор на СДСМ, Мишко Ралев, професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн. Притоа истакна дека со тоа е прекршен Законот за високо образование на Република Македонија, кој инаку е донесен во 2018 година, во владеење на СДСМ.
„Зад мене е дел од законот, член 114 , став 3 е дециден, ‘Вршењето на должноста декан и продекан, е неспоиво со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија’“, псочи Стоилковски презентирајќи исечоци од законите и обајвите.
„Извршниот одбор на СДСМ е највисокото партиско тело во една политичка партија. И пиунот на Заев, Ковачевски но и од Деканот Ралев одлучиле да го прекршат законот за високо образование. Оттука, бараме, пиунот на Заев Ковачевски да го исклучи Мишко Ралев од Извршниот одбор на СДСМ или, пак, Ралев да си поднесе оставка од позицијата декан“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Оцени дека по аквото именување, но и прифаќање на Ралев да биде дел од Извршниот одбор на СДСМ, со што го крши законот за високото образование, очекувано е тој да се повлече од функцијата во високото образование и оти секое поинакво постапување би било потврда за натамошна „партизација, тонење во хибриден режим, тонење во заевизмот“.